Нашата мисија е да ви овозможиме високо квалитетна програма на вежби за тело во позитивна и релаксирана атмосфера со цел да го подобрите своето здравје и здравјето на вашето тело кое претставува основа за здрав дух и долг живот.
Корективна Гимнастика Позитива нуди внимателно дизајнирана и индивидулна програма од вежби, прилагодени на возраста, способностите и потребите на лицата. Овие специјализирани вежби ја подобруваат силата, ја зголемуваат енергијата, самодовербата и овозможуваат добра основа за долг животен век.
Корективната гимнастика може да се примени превентивно кај лица кои се предиспонирани за некој од постуралните деформитети или пак како терапија ако веќе постојат.
Специјално дизајнирани цели на Корективна Гимнастика Позитива придонесуваат за:
- Развој на мускулите и коскеното ткиво
- Совршенство на координација и моторни вештини
- Развивање правилно држење на телото
- Корекција на функционални физички деформитети
- Контрола на тежината
- Подобар квалитет на животот