Карпал тунел синдромот претставува медицинска состојба која настанува како резултат на зголемен притисок на n.medianus, кој минува низ т.н carpal tunnel-ов простор. Поради честите движења на рачниот зглоб, нервот се воспалува и доаѓа до негово надразнување. Карпал тунелот – „премин” изграден од коските на зглобот и лигаментите е канал низ којшто минуваат медијалните нерви и тетиви. N.medianus или т.н медијален нерв ги контролира чувствата во дланките од страна на палецот и прстите со исклучок на малиот прст.
Секоја промена која предизвикува стеснување на каналот од рачјето доведува до комресија на медијалниот нерв. Денес Тунел карпалниот синдром се вбројува во професионални заболувања поради зачестена работа на компјутер. Симптомите почнуваат постепено со вкочанување, боцкање на дланката и прстите особено во пределот на палецот и показалецот доколку не се реагира навремено може да дојде до дегенеративни промени на нервот, а со тоа и до атрофија на мускулите кои тој ги инервира. Третман: Тибетанска масажа, корективни вежби.