Помеѓу секој пршлен во ’рбетот лежи амортизирачко перниче кое се нарекува меѓупршленски диск. Како старееме, овие дискови почнуваат да се оштетуваат. Секојдневните активности кои ги правите додека сте во исправена положба е тест за тоа колку вашиот ’рбет може да ја издржи вашата телесна тежина и колку притисок можат да издржат вашите дискови. Исто така, дисковите можат да се оштетат при најмала повреда која предизвикува моментална болка. Со текот на годините, секојдневните оптеретувања, дури и малите повреди на дисковите, постепено можат да доведат до нивно дегенеративно заболување. Иако на почетокот се оштетуваат еден или повеќе дискови, со текот на времето се загрозуваат и деловите на ’рбетот кои ги опкружуваат оштетените дискови.
Најчестиот ран симптом на ова заболување е болка во грбот која постепено се шири до задникот и горниот дел на бутовите. Дегенеративните дискови, исто така можат да предизвикаат таканаречена дискогена болка (која се јавува во оштетениот диск), како и испакнати дискови.
Третман: со помош на кинезитерапијата, можете да превенирате дегенеративни состојби на интервертебралните дискови.