Повеќе од две третини од светската популација во одреден период од својот живот, страдаат од вратна болка. Поради современиот начин на живеење, бројката на афектирани со овој проблем секојдневно се зголемува. Стресот, намалената секојдневна физичка активност, работата пред компјутер и неправилното држење на телото при седење се само дел од причините кои може да ви предизвикаат вратна болка. Оваа состојба ви ја ограничува способноста за нормално и непречено извршување на секојдневните активности.
Третман: Кинезитерапијата за зацврстување на вратната мускулатура, особено ќе ви помогне кога станува збор за вратна болка од хроничен тип. Масажата е одличен начин за да ви ја релаксираме вратната мускулатура и да ви јаослободиме болката. Ќе ви овозможиме правилно држење на телото додека стоите и додека седите. Професионалната помош од нашите физиотерапевти може значително да влијае на подобрување на вашата состојба.