Кавитацијата го користи ефектот на нискофреквентен ултразвук, со чие делување доаѓа до разградување на масните клетки (липоцити), односно до пукање на нивната мембрана и разлевање во меѓуклеточните простори. По ова под дејство на ензимите се разградуваат и по лимфен пат се елиминираат од телото (на идентичен начин како и маснотиите кои ги внесуваме со храната).
Она што оваа метода ја прави супериорна над другите е можноста за губење на масните клетки на директен начин. По третманот кој е речиси безболен и неинванзивен, површината на кожата останува недопрена – нема модринки, болки, оток, па може да се продолжи со секојдневните обврски.
Со кавитација се постигнуваат следниве резултати:
- Преобликување и губење на локалните масни наслаги (стомак, колкови, бутови, натколеници и бедрата)
- Намалување на наслагите од целулит
- Подобрување на циркулацијата
- Подобрување на квалитетот на кожата и сврзното поткожно ткиво
Доколку кавитацијата се спроведува од стручни лица , резултатите се брзо видливи и долготрајни