Истегнувањето претставува еден вид физичка активност при којашто одреден мускул или тетива (или мускулна група) волево се истегнува со цел да се подобри еластичноста на мускулот и да се постигне удобен мускулен тонус. Резултатот што ќе го почуствувате е зголемена контрола врз мускулите, флексибилност и опсег на движење. Ние истегнувањето најчесто го применуваме при терапевтски третмани. Зголемувањето на флексибилноста по пат на истегнување е една од основните начела на физичката кондиција. За спортистите вообичаено е да се истегнат пред и после тренингот со цел да се намали ризикот од повреди и да се подобри перформансот. Истегнувањето може да придонесе за зајакнување на мускулите, а за возврат, важно е силните мускули безбедно и ефективно да се истегнуваат.