Цервикалните пршлени го градат костурот на вратот. Најмалите од 24-те подвижни прешлени, цервикалните прешлени, се лоцирани меѓу краниумот и торакалните прешлени Релативната дебелина на дисковите, речиси хоризонталната поставеност на зглобните површини и малата телесна тежина што ја носи оваа регија овозможуваат најголем опсег на движења од сите регии на ’рбетниот столб. Вратниот дел на ’рбетниот столб е изграден од неколку подвижни сегменти. Во оваа област, стабилноста е жртвувана заради подвижноста која ја прави особено подложна на трауми. Цервикалната спондилоза се опишува како дегенеративна промена која ги зафаќа петте зглобови на цервикалниот сегмент, вклучувајќи ги и интервертебралните дискуси, билатералните зигапофизни зглобови и унковертебралните зглобови на Лушка. Се смета дека дегенеративната каскада почнува со исушување и губење на висината на дискот, по што следува приближување на унковертебралните зглобови и нарушување на нормалната биомеханика на зигапофизниот зглоб. Хипертрофијата на унковертебралниот и зигапофизниот зглоб, формирањето остеофити, нарушувањето на прстенот и хипертрофијата на lig. flavum можат да бидат составен дел од следните фази на дегенеративната промена. Радиографски докази за дегенеративни промени се откриени кај 10% од лицата на возраст од 25 години, кај 35% од лицата до 40-годишна возраст, а кај 95% од лицата на возраст од 65 години. Важно е да запомниме дека иако постои вообичаен радиографски доказ за постоење дегенеративна болест, како што е губење на висината на просторот на дискусите и остеофити кои зависат од возраста на лицата кои на преглед се јавуваат со цервикална болка, сепак сите лица со дегенеративни наоди немаат симптоми. Цервикобрахијален синдром е група од знаци и симптоми кој се манифестира со болка во вратниот дел од ’рбетот и со радијација на болката во рамената и рацете, подтилното подрачје (подтилна главоболка), лопатките. Обично станува збор за болка, боцкање, сензорни нарушувања, мускулна слабост. Цервикобрахијалниот синдром предизвикува промени во долниот цервикален ’рбет. Болката се шири од вратот на рамената и кон прстите, се јавува чувство на вкочанетост и хипотермија на рацете. Понекогаш предизвика губење на сензацијата и мускулната сила, и рефлексите во рацете.

Третман: Корективна гимнастика, миофасцијална техника, кинезиотејпинг, медицинска масажа.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *