Превенцијата на рбетните искривувања е збир на мерки, вклучувајќи и гимнастички вежби, кои можат да се исполнуваат како во домашни услови, така и во нашето студио. Потрбно е младите да имаат правилно организиран дневен режим, соодветно со возраста на ученикот, кое вклучува доволно спиење (9-11 часа), прошетки на отворено, физички вежби и спорт. Од големо значење е раното откривање на рбетните деформации, кои најчесто се случуваат при сезонските систематски прегледи. Можностите за коригирање на `рбетните деформации се значително подобри во почетниот стадиум каде со комплекс од специјални вежби резултатите се неизбежни.

Улогата на кинезитерапијата во превенцијата на деформитетите на `рбетниот столб Кинезитерапија (грчки, kinesis- движење, therapeio- лечење) е медицинска дисциплина која го користи движењето како средство за лечење. Таа претставува систематизирани движења кои допринесуваат за зачувување, воспоставување или заменување на оштетени движења на локомоторниот апарат. Се занимава со зачувување на функцијата, а припаѓа и во стимулационите терапии затоа што во детската возраст делуваат како стимулатор на растот, развојот и правилното формирање на организмот, во зрелата возраст го зголемува функционалниот капацитет, а во староста е фактор за забавување на староста.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *