Мултипла склероза (скратено МС, исто така позната како disseminated sclerosis или encephalomyelitis disseminata)е болест на воспаление кај кој масните миелински обвивки околу аксоните на мозокот и `рбетниот мозок се оштетени, што води до демиелинизација и лузни како и широк спектар на знаци и симптоми. Нападот на болеста вообичаено се случува кај младите луѓе, и почеста е кај женскиот пол. Има распространетост која се движи помеѓу 2 и 150 за 100.000. МС за прв пат беше опишана во 1868 година од Жан-Мартин Шаркот.
МС влијае на способноста на нервните клетки во мозокот и рбетниот мозок да комуницираат едни со други. Нервните клетки комуницираат со испраќање на електрични сигнали наречени потенцијални дејствувања по должината на долги влакна наречени аксони, кои се обвиткани во заштитничка материја наречена миелин. Во МС, сопствениот имунолошки систем на телото го напаѓа и го оштетува миелинот.Кога ќе се изгуби миелинот, аксоните не можат повеќе ефикасно да спроведуваат сигнали. Името мултиплекс склероза се однесува на лузни (scleroses – попознато како мачење или повреди) во белата материја од мозокот и рбетниот мозок, која главно е составена од миелин. Иако се знае многу за механизмите вклучени во процесот на болеста, причината останува непозната. Теориите вклучуваат генетика или инфекции.Пронајдени се исто така различни еколошки фактори на ризик.
Речиси сите невролошки симптоми може да се појават со болеста, и често напреднуваат до телесни и сознајни попречености. МС има околу 50 форми, со нови симптоми кои настануваат во тајни напади (форми на повторување) или со бавно наталожување со текот на времето (прогресивни форми). Помеѓу нападите симптомите може целосно да исчезнат, но често настануваат трајни невролошки проблеми, особено како што напредува болеста.
Не постои познат лек за МС. Третманите се обидуваат да ги повратат функциите по нападот, да спречат нов напад, и да спречат попреченост. Лековите за МС може да имаат негативни ефекти или да бидат слабо толерирани,и затоа многу пациенти користат алтернативни третмани, и покрај недостатокот од поддржувачки научни студии.Тешко е да се предвиди прогнозата, таа зависи од подвидот на болеста, индивидуалните карактеристики на болеста на пациентот, почетните симптомии степенот на попреченост која ја има пациентот како што минува времето. Главна алатка за подобрување на оваа состојба се специфичните корективни вежби, со помош на кои ке се врати силата на мускулот, се подобрува рамнотежата, координацијата и балансот, се зајакнува мускулатурата. Со помош на медицинската масажа се ослободува болката во мускулите, се подобрува циркулацијата, се намалува спазмот на мускулатурата, итн.