Аутизам — нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст. Аутизмот делува на процесирањето информации во мозокот, со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат. Како доаѓа до оваа појава сѐ уште не е познато. Другите две нарушувања од спектарот на аутизмот (НСА) се синдромот Аспаргер, којшто не се одликува со заостанатост во когнитивниот развој и во јазикот, и ПНР-Н (первазивното нарушување во развојот – неодредено), кој се дијагностицира во случаи кога не се комплетно исполнето критериумите за другите два синдроми.
Аутизмот има цврста генетска основа, но генетскиот состав на аутизмот е сложен и не е јасно дали НСА се објаснува повеќе со ретки мутации, кои имаат огромни ефекти, или пак со мултигенски интеракции на нормалните гени. Во ретки случаи аутизмот е поврзан со фактори кои предизвикуваат вродени малформации. Постојат и многу контроверзни теории за некои причинители, кои што можат да произлезат од опкружувањето, како што се тешките метали, пестицидите или вакцините, кои се примаат во раното детство. Хипотезите за вакцините се биолошки невозможни и не се потврдени со достојни научни докази. Аутизмот се појавува кај 1-2 од 1000 луѓе. Распространетоста на НСА е 6 луѓе од 1000, со тоа што се јавува 4 пати повеќе кај машката популација отколку кај женската. Бројот на луѓе, кои се дијагностицирани дека страдаат од аутизам почна драстично да се зголемува од 1980тите, делумно поради промените во дијагностиката. Причините за зголемениот број на случаи со аутизам се непознати.
Препорачуваме програма на вежби со помош на кои ке се подобри целокупната состојба предизвикана од Аутизам.