Кифоза се нарекува зголемена физиолошка кривина на ‘рбетниот столб во сагитална рамнина, чија конвексност е ориентирана наназад, т.е. подгрбавеност и најчесто е локализирана во торакалниот (средишен) дел од ‘рбетот, но може да се појави и на други делови. Се јавува многу често во комбинации со лордоза или сколиоза. Кифозата исто така може да биде вродена или стекната.
Главни карактеристики:
- главата е свиткана кон напред од вертикалната линија,
- рамената се придвижени кон напред,
- зголемена подгрбавеност во средишниот дел на ‘рбетот,
- градите се вдлабнати,
- лопати се издвојуваат одделно од ‘рбетниот столб,
- абдоменот е млитав и испакнат,
- колена се лесно свиткни и поместени во целина нанапред,
- многу често имаат рамни стапала.
Третман: кинезитерапија (специјализирани вежби за исправување на кифоза и целокупната мускулатура одговорна за правилно држење на телото).