Кифоза се нарекува зголемена физиолошка кривина на ‘рбетниот столб во сагитална рамнина, чија конвексност е ориентирана наназад, т.е. подгрбавеност и најчесто е локализирана во торакалниот (средишен) дел од ‘рбетот, но може да се појави и на други делови. Се јавува многу често во комбинации со лордоза или сколиоза. Кифозата исто така може да биде вродена или стекната.

Главни карактеристики:

  • главата е свиткана кон напред од вертикалната линија,
  • рамената се придвижени кон напред,
  • зголемена подгрбавеност во средишниот дел на ‘рбетот,
  • градите се вдлабнати,
  • лопати се издвојуваат одделно од ‘рбетниот столб,
  • абдоменот е млитав и испакнат,
  • колена се лесно свиткни и поместени во целина нанапред,
  • многу често имаат рамни стапала.

Третман: кинезитерапија (специјализирани вежби за исправување на кифоза и целокупната мускулатура одговорна за правилно држење на телото).

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *