Паркинсоновата болест е невродегенеративна болест која ги напаѓа моторните функции на заболениот, говорот и други функции. Оваа болест е позната и како ПД (Parkinson’s disease). Болеста се јавува како резултат на дегенерација на допаминергичните неврони во базалните ганглии, поточно во substantia nigra и locus coeruleus. Главните моторни симптоми со заедничко име се нарекуваат „паркинсонизам“ или „паркинсонов синдром“.Симптомите генерално прогредираат со текот на времето. Во раниот стадиум на болеста, највоочливи се тресење, ригидност, бавно движење и отежнат од. Исто така можат да се појават и мисловни и проблеми во однесувањето. Деменцијата е честа во напредните стадиуми на болеста. Депресија и анксизност се појавуваат кај повеќе од третина од пациентите со ПБ. Други симптоми вклучуваат сензорни, емоционални и проблеми со спиењето.

Не постои лек за Паркинсонова болест, а третманот е воглавно насочен кон подобрување на симптомите, подобрување на начинот на живеење.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *