Лордоза се нарекува кривина на ‘рбетниот столб во сагиталната рамнина, чиј конвекситет е свртен нанапред. Може да биде вродена или стекната.
Главните карактеристики на лордотично лошо држење на телото се:
- држењето на главата е малку наназад од вертикалната линија,
- градите се рамни или испакнати,
- физиолошката лордотична кривина во слабинскиот дел е зголемена,
- карлицата е поместена во целина кон напред и надолу,
- абдомен (стомакот) е подуен и мек,
- колковите се некоординирани нанапред,
- колената се најчесто во екстензија (хиперекстензија и напнатост),
- стапала се најчесто во инсуфициенција
Третман: кинезитерапија (специјализирани вежби за исправување на лордоза и целокупната мускулатура одговорна за правилно држење на телото).