Лордоза се нарекува кривина на ‘рбетниот столб во сагиталната рамнина, чиј конвекситет е свртен нанапред. Може да биде вродена или стекната.

Главните карактеристики на лордотично лошо држење на телото се:

  • држењето на главата е малку наназад од вертикалната линија,
  • градите се рамни или испакнати,
  • физиолошката лордотична кривина во слабинскиот дел е зголемена,
  • карлицата е поместена во целина кон напред и надолу,
  • абдомен (стомакот) е подуен и мек,
  • колковите се некоординирани нанапред,
  • колената се најчесто во екстензија (хиперекстензија и напнатост),
  • стапала се најчесто во инсуфициенција

Третман: кинезитерапија (специјализирани вежби за исправување на лордоза и целокупната мускулатура одговорна за правилно држење на телото).

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *