Лимфната дренажа е специјализирана техника на масажа, базирана на анатомијата на лимфниот систем која е дизајнирана да го намали отокот преку подобрување на лимфната дренажа.Таа овозмжува да се пренасочи течноста од областите каде што е присутен отокот, кон функционалните лимфни јазли. Ова е важен принцип во менаџментот на лимфедемата. Во MLD се применува специфични движења на рацете на површината на кожата и се следат анатомските лимфни патишта на телото за да се промовира дренажа од погодениот екстремитет.Тоа вклучува нежно пумпање на кожата. Како резултат на тоа, лимфниот проток низ телото се зголемува, без зголемување на филтрацијата, со што се намалуваат лимфните стази и симптомите на лимфедем.

Предности на лимфната дренажа се: Активирање на циркулација на течности, зголемување на контракцијата на лимфните садови, цедење на токсини, макромолекули, масти и стимулирање на имунолошкиот систем, намалување на мускулни грчеви, стимулирање на парасимпатичкиот систем, подобар квалитет на спиење и најважно намалување на едемата(отокот).

Контраиндикации: Лимфната дренажа треба да се избегнува кај лица со конгестивна срцева слабост, воспаление или инфекција на лимфните садови, активни крвни згрутчувања (ДВТ) или длабока венска тромбоза, кожни инфекции, висока фебрилност . Во секој случај пред да почнете со терапија посоветувајте се со вашиот терапевт и дискутирајте за вашата медицинска историја и за било какви промени кои ке се појават во периодот на лекувањето.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *