Мадеротерапијата е масажа која помага при отстранување на целулитните наслаги со помош на серија од фрекфентни движења кои ги повторуваме со користење на дрвени елементи. При аплицирање на дрвените елементи врз проблематичните места се стимулира лимфиниот систем на телото при што се ослободуваат акумулираните токсини, маснотии и целулитот. Мадеротерапијата (терапија со дрвени инструменти) потекнува од Колумбија, предноста е во тоа што е 100% природна и не предизвикува алергиски реакции на кожата. Помага во намалување на целулитот, а резултатите се видливи понекогаш веднаш по првиот третман. Препорачливо е да реализирате серија од 10 тремани за да ги добиете посакуваните резулати и видливи ефекти. Доколку се отстранат само маснотиите од телото не е променета во целост телесната функција. Со мадеротерапијата е поразлично, оваа терапија ја стимулира циркулацијата на крвта и врши дренажа на лимфиот систем, го стимулира метаболизмот и затоа ефектите траат подолго. За да не се појави јо-јо ефект се препорачува повторување на терапијата еднаш месечно. Мадеротерапијата се смета дека успешно ги заменува традиционалните антицелулитни терапии насекаде низ светот нејзината примена станува се повеќе популарна и применлива. 2018 година мадеротерпаијата или терапијата со дрвени инструменти е наградена како- Најдобар, Нов и Природен антицелулитен третман.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *