Тибетанските терапии, покрај тоа што ги посочуваат причините за нарушувањата во организмот, односно причините, делуваат на нивните последици имајќи ја предвид секогаш физичката и емоционалната состојба на телото. Оваа масажа е во обратен правец од останатите масажи, се работи по канали по кинеска медицина, го потикнува организмот на самоизлекување. Во Корективна гимнастика Позитива се занимаваме со надворешни терапии, а тоа се терапии кои влијаат на надв2решните делови на телото со цел да ги намалиме симптомите на болеста и да ја намалиме болката на едноставен начин. Тибетанската масажа се користи за да помогне при разни хронични заболувања, го чисти организмот од токсини, го подобрува протокот на крв, го активира имунолошкиот систем и ја стимулира работата на внатрешните органи, го елиминира стресот, анксиозноста, несоница. Работи на подобрување на квалитетот на животот и го продолжува животот, а главната улога е превенцијата.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *